Приведена па ослободена новинарка во Србија, ширела паника за Ковид-19

Пред да биде ослободена новинарката од притвор, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека Владата ќе ја повлече одлуката со која се воспостави посебен режим на информирање во време на пандемијата.

763

Полицијата во Нови Сад вчера ја уапсила новинарката на порталот „Нова.рс“, Ана Лалиќ, поради нејзиниот текст насловен „Клинички центар Војводина пред колапс: Без заштита за медицинските сестри“, и веднаш ѝ бил одреден притвор дод 48 часа поради сомнение дека сторила кривично дело „објава на текст кој поттикнува паника и нереди“.

Но, таквиот потег на полицијата ја разгневнил јавноста во Србија, па по силниот притисок од домашната и од меѓународната јавност, утрово Лалиќ била пуштена на слобода.






Целата оваа работа се случила откако новинарката во својот текст објавила сведочења на неколку анонимни медицински лица од Клиничкиот центар кои тврдат дека немаат доволно заштитна опрема. По објавувањето на текстот, раководството на Клиничкиот центар ја пријавило новинарката во полиција со образложение дека таа ја вознемирувала јавноста и му наштетила на угледот на здравствената установа.

Пред да биде ослободена новинарката од притвор, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека Владата ќе ја повлече одлуката со која се воспостави посебен режим на информирање во време на пандемијата.

– Апелирам да нема приведувања дури и за луѓето кои говорат лаги. Секој нека си ја врши својата работа, а Владата ќе се посвети на тоа да ги разбие тие лаги – рече Брнабиќ.

Поврзани содржини