Приведена мајката на детето кое настрада во пожарот во Гостивар

Таму таа најверојатно ќе биде задржана до утре за расветлување на поединости околу настанот, по што се очекува да биде изведена пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар.

716

Триесет и петгодишната жена чие дете утрово го загуби животот во пожар во стан на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар, е лишена од слобода, информираат од СВР Тетово.

Од таму наведуваат дека С. Т. од Ресен веднаш по лишувањето од слобода откако ѝ е пружена медицинска помош, околу пладне задржана е во полициска станица Гостивар, под соменение дека сторила кривично дело „повреда на семејни обврски“ (член 203 став 2 од КЗ).






Таму таа најверојатно ќе биде задржана до утре за расветлување на поединости околу настанот, по што се очекува да биде изведена пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар.

Поврзани содржини