Приведена газдарица на кафеана во Трубарево, работела по 21 часот

330

Во полициската станица Гази Баба синоќа во 22.20 часот било пријавено дека угостителски објект во село Трубарево работи после 21 часот. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека објектот работи  и во него има гости.

Во полициска станица бил извршен разговор со сопственичката С.С.(46) од Скопје и по целосно документирање на случајот, во координација со Државниот пазарен инспекторат против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Поврзани содржини