Приведена битолчанка поради уцена со компромитирачки фотографии
Битолчанката му се заканувала на В.П. дека ќе објави негови компромитирачки фотографии доколку не ѝ исплати 1.200 евра.
По преземени оперативни мерки, а по претходна пријава на 44-годишниот В.П. од Битола дека е уценуван, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје, ја привеле 34-годишната Е.С. од Скопје, со живеалиште во Битола, наведено е во полицискиот билтен.
Според пријавеното, Е.С. се заканувала на В.П. дека ќе објави негови компромитирачки фотографии доколку не ѝ исплати 1.200 евра. Таа била лишена од слобода веднаш по примопредавањето на парите и во консултација со Основното јавно обвинителство, против неа ќе биде кривична пријава по брза постапка поради сомнение за сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од Кривичниот законик.