Приведен сопственик на чајџилница во Арачиново, објектот е затворен
Објектот е затворен од инспектори на Државниот пазарен инспекторат.
Полицијата вчера по 21 часот во соработка со Државниот пазарен инспекторат затвори чајџилница во скопско Арачиново и го приведе сопственикот заради работење по дозволеното време и голем број на гости во објектот, информира МВР.
Според соопштеното, полицијата во соработка со Државниот пазарен инспекторат вчера во 21.20 часот извршиле контрола во чајџилница во село Арачиново и констатирале дека објектот работи и има повеќе гости.
„Во чајџилницата е затекнат и сопственикот А.Б. (25) од село Арачиново и тој е приведен во Полициското одделение Арачиново, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по чл.206 од КЗ“, соопшти МВР.
Објектот е затворен од инспектори на Државниот пазарен инспекторат.