Приведен разбојник од Скопје
Како што соопшти МВР, дваесет и шестгодишниот разбојник Д.Ј. бил уапсен во средата од страна на полициски службеници од Полициската станица Гази Баба.
Полициски службеници привеле скопјанец, кој минатата недела со употреба на физичка сила од лицето А.Ѓ. одзел чанта со пари и лични предмети.
Како што соопшти МВР, дваесет и шестгодишниот разбојник Д.Ј. бил уапсен во средата од страна на полициски службеници од Полициската станица Гази Баба.
– Д.Ј. е приведен и задржан во полициска станица, со него беа извршени разговор и препознавање. Во координација со јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – стои во соопштението од министерството.