Приведен полицаец кој испукал пет куршуми во воздух

За настанот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

539

Полицаец е приведен откако  во близина на угостителски објект на улица Св.Јоаким Осоговски во Крива Паланка вчера испукал пет куршуми во воздух од службен пиштол, соопшти МВР.

Како што е соопштено, полицаецот Т.Т. откако ги испукал куршумите заминал со своето возило. Подоцна тој е лишен од слобода, а кај него и во патничко моторно возило „пежо“  кое го управувал се пронајдени и одземени: пиштол „ЦЗ“ кал.9мм, една рамка за муниција за пиштол „ЦЗ“, 10 куршуми кал.9мм, една рамка со 30 куршуми кал.7,62мм и лични предмети.






На местото на настанот полицијата  пронајде 2 испукани чаури кал.9мм  кои ќе користат во понатамошна постапка.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка.

За настанот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини