ПРИВЕДЕН, ПА НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЕЦ ВО ВОЗИЛОТО Велешанец удрил службеник и му нанел повреди

Инцидентот се случил откако 32-годишниот велешанец бил приведен поради недолично однесување, а при транспортот во службено возило физички нападнал полициски службеник и му нанел повреди.

0

СВР Велес поднесе кривична пријава против П.Н. (32) од Велес поради основано сомнение дека сторил кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 23 мај годинава, откако велешанецот претходно бил лишен од слобода поради недолично однесување.






Додека бил пренесуван во службено полициско возило, пријавениот физички нападнал полициски службеник, при што му нанел телесни повреди.

По целосно документирање на случајот, СВР Велес до надлежното обвинителство поднело кривична пријава против осомничениот, а за случајот ќе одлучуваат надлежните судски органи.

Поврзани содржини