ПРИВЕДЕН КРИМИНАЛЕЦ ОСУДЕН НА ЗАТВОР НАД ДЕСЕТ ГОДИНИ За доиздржување имал уште 5 години и 11 месеци
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
Полициски службеници уапсиле бегалец од затвор баран со потерница, осуден на казна затвор над десет години, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Денеска (10.08.2022) во 16:45 часот полициски службеници од Оперативен тим – потраги при СВР Скопје во населба Шуто Оризари во Скопје го лишиле од слобода Н.И. (28) од Скопје, кој бил баран со потерница од КПУ Идризово -Скопје, за доиздржување на затворска казна. Тој бил осуден по чл.236 од КЗ на РСМ на казна затвор во траење од 10 години и 9 месеци, а за доиздржување имал 5 години и 11месеци, информираат од МВР.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.