ПРИВЕДЕН КРАДЕЦ ВО СКОПЈЕ Требал да отслужи година ипол затвор за тешка кражба
Лицето ќе биде предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
Денеска (01.06.2023) во 14.40 часот на ул.„Менделеева” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода Н.В.(50) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.