Полициски службеници од Одделението за потраги Гостивар вчера во 19.30 часот врз основа на судска наредба го привеле Ќ.А.(60) од Гостивар.
Гостиварецот е приведен за издржување казна затвор од 6 години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик.