ПРИВЕДЕН Е ЛИХВАР ОД БИТОЛА Го пријавиле две лица кои платиле висока камата за позајмените пари
Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот, против лицето ќе следува соодветна пријава
Полицијата го уапси К.С. (50) од Битола поради сомнение за сторено кривично дело лихварство. Притоа, кај него биле пронајдени и одземени повеќе банкноти во различни апоени.
Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, во СВР Битола пред три дена С.К.(45) од Битола пријавил дека во периодот од мај 2024 до февруари 2025 година, К.С. ја искористил неговата тешка имотна состојба и во повеќе наврати му дал пари на заем, а за услугата му наплатувал несразмерна камата.
Полицијата вчера добила пријава и од битолчанката В.Р.(58) дека од октомври 2024 до февруари 2025 година, К.С. ја искористил нејзината тешка имотна состојба и во повеќе наврати ѝ дал пари на заем, а за услугата ѝ наплатувал несразмерна камата.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот, против лицето ќе следува соодветна пријава