ПРИВЕДЕН Е АДВОКАТОТ НА ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ-ПАЛЧО Утре ќе се знае дали Васко Стојков ќе оди во притвор
Основното јавно обвинителство утре ќе одлучува дали ќе бара притвор за него.
Приведен е Васко Стојков, адвокатот на Љупчо Палевски Палчо, кој, како што веќе имаше изјавено, го превезувал Палевски од Скопје до Белград на 30 ноември, објави порталот МКД.
Основното јавно обвинителство утре ќе одлучува дали ќе бара притвор за него.
Претходно, како што веќе објавивме, Стојков беше повикан на распит во полициска станица, а потоа, како што вечерва јави Телма, е приведен и за него ќе се одлучува пред судија на претходна постапка за евентуален притвор.
Според тоа што Стојков го имаше изјавено, наводно не знаел дека Палевски, кој му е пријател и му бил клиент во минатото, е гонет за кривично дело.
Стојков рече дека Палевски го замолил, бидејќи немал возило на располагање, да му помогне и да го однесе во Белград бидејќи морал да оди на лекарски преглед. Адвокатот рече и дека откако дознал за случајот, а веќе бил вратен во Скопје, му пратил на Палевски порака да се врати во земјата и да се пријави заради расчистување на случајот.
Палевски е првоосомничен за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.