Приведен е 35-годишник, дома ја нападнал сопругата

355

Тетовската полиција бележи приведување поради пријава за семејно насилство во тетовско село. Маж на 35 години физички ја нападнал сопругата.

-Триесет и четиригодишна жителка на тетовско село вчера во СВР Тетово пријавила дека дваесетина минути пред тоа во нивниот семеен дом физички ја нападнал нејзиниот 35-годишен сопруг. Пријавениот набргу бил приведен и задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува поднесок – информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.






Според статистичките анализи на СВР Тетово, од јануари до септември се регистрирани вкупно 98 кривични дела во врска со семејно насилство.

Поврзани содржини