Приведен Драги Рашковски, Обвинителството бара притвор

Осомничени се четири лица, меѓу кои и доскорешниот секретар во премиерскиот кабинет и екс генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

1,118

Утрово се приведени Драги Рашковски и Даниел Станчев, сопственикот на „Инвока груп, откако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донело наредба за истрага во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци.

Драги Рашковски пред два дена поднесе оставка од функцијата во Владата.






Осомничени се четири лица, меѓу кои и доскорешниот секретар во премиерскиот кабинет и екс генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

– Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик – потврдуваат од Обвинителството.

Следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на  софтверот, обвинителството на 18 март годинава отвори предистражна постапка. Беа издадени повеќе наредби за прибирање на потребната документација по кои постапува истражителите од истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информира Обвинителството за гонење организиран криминал.​

Поврзани содржини