Приведен дилер од Скопје
Д.Г. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден при извршена акција е приведен дилер од Скопје.
– На 14.10.2020 во 22.20 часот во Драчево, полициски службеници од единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(37) од Скопје затоа што при претрес во неговиот дом, извршен врз основа на судска наредба, била пронајдена марихуана и вага со остатоци од марихуана – стои во соопштението од МВР.
Д.Г. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.