На улица „Илинденска“, во близина на угостителски објект на излезот од Гостивар, полицијата ги привела А.Р.(38) од Република Албанија, Ш.И.(28) од с. Арачиново, скопско и Б.Т.(32) од Скопје бидејќи при претсрес на возилот нашла дрога.
– Ноќеска во периодот од 2.45 до 4 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во стан во Гостивар, каде што престојувал А.Р. При претресот биле пронајдени и одземени два патнички куфери со марихуана, торба со марихуана, една голема ќеса со марихуана, повеќе пакувања со марихуана, дигитална вага, електрична машина за пакување и вакумирање, во вкупна количина од околу 40 килограми марихуана – велат од МВР.
По целосно документирање и расчистување на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, согласно член 215 од Кривичниот законик.ПРИ