Приведен дилер на кокаин од Драчево

329

На 28 09.2020 околу 13.00 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија од СВР Скопје во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при МВР извршија претрес во домот на 29-годишниот М.В. од Драчево, Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„При претресот, биле пронајдени и одземени кокаин, 30 куршуми калибар 9мм., семки од растението Канабис Сатива, марихуана и вага. Тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање и расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението.

 

Поврзани содржини