ПРИВЕДЕН ДИЛЕР НА ДРОГА Полицијата во неговиот дом пронајде марихуана, амфетамин и ваги
Против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Околу половина килограм марихуана, две паковки амфетамин, две ваги и шприц со масло од канабис се пронајдени во домот на 57-годишен скопјанец, соопшти Министерството за внатрешни работи
„По добиени оперативни сознанија и со судска наредба од Основниот кривичен суд вчера е извршен претрес во домот на А.С.(57) од Скопје каде што се пронајдени 500 грама марихуана, амфетамин, две ваки и шприц со масло од канабис“ се наведува во соопштнието.