Приведен 39-годишен маж кој му помагаше на дете да пука со оружје

991

Во врска со случајот пренесен преку видео снимка на социјалната мрежа ТикТок, МВР преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност информира дека веднаш презело мерки и активности за утврдување на деталите од видеото, меѓу кои и откривање на идентитетот на лицето.

„Како резултат на тоа, денеска (02.01.2021) во 20.10 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле  од слобода А.Џ.(39) од с.Боговиње, поради основано сомнение дека на социјалната мрежа ТикТок објавил видео, на кое малолетно дете пука со пиштол, а му помагаат две лица“, соопшти МВР.






Тој е задржан во полициско одделение Камењане и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе биде поднесен соодветен поднесок за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, предвидено и казниво по  чл.396 од Кривичниот законик.

Притоа за настанот е информиран и Центарот за социјална работа, кој презема соодветни мерки согласно нивната надлежност.

 

Поврзани содржини