Приведен 23-годишен крадец од Скопје

355

Полициски службеници од Полициска станица Карпош вчера го лишиле од слобода С.Р. (23) од Скопје, постапувајќи по пријава на П.В. дека во близина на крстосницата на булевар „Партизански одреди“ со „Московска“ едно лице со закана од неговиот малолетен син одзело пари од неговата чанта.

Како што соопшти МВР, С.Р. е приведен во Полициска станица Карпош за натамошна постапка и кај него се пронајдени одземените парични средства. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани содржини