Приведен 21-годишен дилер од Бутел

За време на претресот пронајдени биле девет ќеси со марихуана, а Н.А.(21) од Скопје бил лишен од слобода по чл.215 од Кривичниот законик и приведен во полициска станица за понатамошна постапка – велат од МВР.

376

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во периодот од 21.00 часот на 16.10. до 02.00 часот на 17.10.2020, по претходна судска наредба, извршиле претрес во дом и други простории на подрачјето на Бутел, во кои престојувал Н.А.(21) од Скопје.

– За време на претресот пронајдени биле девет ќеси со марихуана, а Н.А.(21) од Скопје бил лишен од слобода по чл.215 од Кривичниот законик и приведен во полициска станица за понатамошна постапка – велат од МВР.






По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани содржини