ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ НЕМА ДА ВОЗАТ ОД ПОНЕДЕЛНИК На секоја линија ќе има само еден автобус

Оваа одлука следува откако од ЈСП не добија позитивен одговор за исплата на нивниот долг, ниту за покачување на цената по километар.

2,865

Наместо по скопските улици, в понеделник, кога започнува новата учебна година, приватните автобуси ќе останат паркирани во гаражите. Се воведува редуциран сообраќај, објави Телма.

Како што едногласно одлучиле, приватните превозници ќе сообраќаат на една линија само по еден автобус и тоа еднаш во денот, наутро или навечер.






За Телма велат дека нивните возила ќе одат од прва до последна станица и назад, а потоа се исклучуваат, што значи дека според зимскиот возен ред ќе недостасуваат 150 автобуси.

Оваа одлука следува откако од ЈСП не добија позитивен одговор за исплата на нивниот долг, ниту за покачување на цената по километар.

Бидејќи на седницата на Град Скопје не помина одлуката за потребата од набавка на нови еко автобуси, директорот на ЈСП, Драги Кушовски, рече дека ќе се обиде да бидат поправени околу 40 автобуси кои би биле пуштени во сообраќај, што е далеку зад бројката од 150, кои недостасуваат.

Поврзани содржини