ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ ЌЕ БЛОКИРААТ БУЛЕВАРИ Утре ќе се доцни за на работа

372

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре поради најавено одржување на протест, со почеток во 06 часот, полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.

Посебниот режим на сообраќај ќе биде воспоставен на булевар Илинден – од крстосницата на булевар Илинден со булевар Св. Климент Охридски, до крстосницата од булевар 8 Септември и булевар Илинден – крстосницата од улицата 11 Октомври и булеварот Кочо Рацин” (Црвен крст) и крстосницата од булевар Гоце Делчев” и булевар Крсте Мисирков (Судска палата).






Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот поради безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Поврзани содржини