ПРИВАТНИТЕ АВТОБУСИ ВО ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ВОЗАТ НА ЛИНИИТЕ 9, 11, 11А, 12, 47 И 55 Компанијата „Вестор Транс“ демантира дека ќе протестира
Компанијата информира дека континуирано и редовно ќе ги реализира договорените обврски со град Скопје и ЈСП.
Автобусите на приватниот превозник „Вестор транс“ во понеделник ќе ги реализираат, континуирано и редовно, сите линии како што е договорено со ЈСП и Град Скопје, соопштија од компанијата откако медиумите објавија дека приватните превозници во Скопје во понеделник ќе возат само еднаш.
-Јавниот превоз организиран од страна на „Вестор транс“ во понеделник продолжува да функционира непречено и согласно со возниот ред. „Вестор транс“ ги почитува и реализира обврските што произлегуваат од законите, одлуките и актите, со кои се уредува превозот на патници и ќе продолжи да го извршува договорот со континуирано и редовно одржување на линиите 9, 11, 11а , 12, 47 и 55 за кои има добиено дозвола за превоз – велат од компанијата.