ПРИВАТНИТЕ АВТОБУСИ ПОВТОРНО ВОЗАТ Имале проблеми со ГПС валидаторите во возилата

Во врска со комуникацијата и соработката меѓу приватните превозници, ЈСП Скопје и Градот Скопје, особено во финансискиот сегмент, сакаме да потенцираме дека состојбата е значително подобрена во споредба со пред неколку месеци, велат приватните превозници.

81

Состојбата со приватните превозници во јавниот градски превоз е стабилизирана и проблемите кои се појавиле во изминатиот период се надминати, соопштија превозниците.

Застојот на дел од автобуските линии бил предизвикан од технички проблеми со опремата за автоматска локација, односно ГПС валидаторите во автобусите, поради што одреден број возила не можеа навремено да бидат ставени во функција. Овој проблем е целосно решен и скопјани повторно ќе можат безбедно, редовно и навремено да го користат јавниот превоз.






„Во врска со комуникацијата и соработката меѓу приватните превозници, ЈСП Скопје и Градот Скопје, особено во финансискиот сегмент, сакаме да потенцираме дека состојбата е значително подобрена во споредба со пред неколку месеци. Само во изминатите 3 месеци, исплатени се вкупно 72 милиони денари, а од март месец се продолжува со континуирана и редовна исплата“, се вели во заедничкото соопштение од Јофи Бус, Вестор Транс и Радос Компани.

Превозниците велат дека остануваат посветени на стабилен, функционален и сигурен јавен превоз и секојдневно работат на решавање на сите предизвици со кои се соочува системот.

„Им се извинуваме на граѓаните на Скопје за непријатностите и ограничувањата кои настанаа поради технички причини и им изразуваме благодарност за трпението и разбирањето“, велат превозниците.

Поврзани содржини