ПРИВАТНИЦИТЕ МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИЈА НА ЛЕНИН И ЈА ЗЕДОА СУДБИНАТА ВО СВОИ РАЦЕ Данела веднаш ги повика на разговор

Повикот за средба доаѓа откако превозниците му свртеа грб на првиот човек на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, и со ново преговарачко тело дадоа рок за состанок до денеска, а во спротивно се заканија со нови блокади на Скопје.

19,275

Приватните превозници на покана на градоначалничката Данела Арсовска утрово во бараките на Град Скопје разговараат дали и како може да се надмине проблемот со заостанатиот долг, поради што тие веќе трет месец не возат и не собираат патници по скопските улици.

Тие вчера се собраа во населбата Ченто, на последна 23-ка, и групно се заблагодарија на поканата.






– Повикани сме официјално на средба. Ние приватните превозници ќе одиме во Градот, да ја оствариме таа средба со градоначалничката, да видиме дали ќе најдеме заеднички јазик, да најдеме решение за нашите проблеми и да имаме што поефикасен превоз – изјави Јовица Зафировски, пренесе Експрес.

Повикот за средба доаѓа откако превозниците му свртеа грб на првиот човек на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, и со ново преговарачко тело дадоа рок за состанок до денеска, а во спротивно се заканија со нови блокади на Скопје.

– Ние сме ново координативно тело на приватните превозници. Ние ќе се обидеме да се договориме на наш начин. Одлучиме да настапиме како ново тело и така да побараме прием и еве, за среќа, тоа е успешно. Градоначалничката нѐ повика, ќе имаме средба и ќе најдеме решение – вели Зафировски.

Во интервју за МИА, Арсовска изјави дека треба да се преговара, иако 2 месеца не сакаше да ги прими на средба сопствениците на приватни автобуси велејќи дека темата со приватниот превоз е затворена.

Поврзани содржини