ПРИВАТНА БИЛА БЕЗДНАТА ВО АЕРОДРОМ, ИСКОПОТ БИЛ ПРЕКИНАТ? Општината дала одобрение, градот се оградува, заканата останува

Во меѓувреме дупката може да предизвика пропаѓање на пешачката патека од кејот.

1,354

Приватно било земјиштето покрај кејот на реката Вардар во општина Аеродром каде неодамна се појави провалија која ја загрозува безбедноста на граѓаните. На  земјиштето бил извршуван ископ за изградба на објект од страна на приватен инвеститор кој добил Одобрение за градење од општината, но ископот бил запоставен, а на општината е обвската да го задолжи инвеститорот да го врати во првобитна состојба земјиштето.

Вакви информации добил Центарот за управување со кризи ЦУК од страна на Град Скопје во форма на допис. Градот тврди дека нема ингеренции да управува со тоа земјиште бидејќи тоа излегува надвор од коритото на Вардар и од кејот.






Во меѓувреме дупката може да предизвика пропаѓање на пешачката патека од кејот.

Од ЦУК велат дека ако просторот не се обезбеди и огради соодветно, тогаш проблемот ќе треба да го решаваат претставници на повеќе институции кои ќе треба да се состанат.

Еве што велат од ЦУК:

„Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиено известување од Секторот за планирање и уредување на просторот на Град Скопје, во врска со последен допис – повторна иницијатива од ЦУК за остварување на безбедноста на граѓаните од – кај бездната, провалијата – ископ, на Кејот на Вардар во Општина Аеродром, а и согласно апелите во јавноста на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Од Секторот на Град Скопје известуваат дека согласно Деталниот урбанистички план на Град Скопје за 2012-2022 година, „минор“ и „мајор“ коритото на реката Вардар е под надлежност на Град Скопје, односно ингеренциите на градот завршуваат со крајот на пешачката патека на „мајор“ коритото. Истото можело да се види во Деталниот урбанистички план за Градска четврт И114 на Општина Аеродром, каде што јасно било обележано кои се границите на надлежностите на Општина Аеродром и на Град Скопје. Исто така, при увид во Агенцијата за катастар, било утврдено дека земјиштето каде што се наоѓа ископот (бездната – провалијата) на земјиштето е во приватна сопственост. При увид на лице место од страна на Град Скопје било констатирано дека се работи за ископ на земјиште за изградба на објект, коешто во моментот е запоставено и затревено. Одобрение за градење за истото издавала Општина Аеродром и било потребно општината да го задолжи сопственикот на земјиштето да го врати во првобитна состојба, односно да се отстрани заканата од одрон и пропаѓање на пешачката патека на „мајор“ коритото на реката Вардар“.

„Во прилог на известувањето од Секторот на Градот уредно се доставени и материјали за поткрепа на истите податоци: допис од ЦУК од 25.11. 2022 по којшто известуваат, извадок од ДУП за Градска четврт И 14, Фотографии од локацијата од воздух (од „Гогл мапс“) кога парцелата била оградена, сателитска снимка на локацијата и имотен лист од предметната катастарска парцела.

Инаку, ЦУК известува дека ако не се обезбеди просторот кај бездната, провалијата – ископ, на Кејот на Вардар во Аеродром во Скопје, тогаш последователно на тоа ќе иницира и организира координитавна средба на претставници од надлежните институции за дефинитивно да се реши посочениот безбедносен проблем на граѓаните коишто го користат шеталиштето на конкретното место на Кејот на Вардар во Аеродром во Скопје“, известуваат од Центарот за управување со кризи.

Поврзани содржини