ПРИВАТЕН ИНСТИТУТ РАБОТЕЛ ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦА Имал двајца вработени, две столчиња и два душека

Министерката за образование информира дека досега се затворени 14 институти.

4

При теренска проверка на на приватните институти се откриени случаи каде што овие институции служат како параван за реализирање на други дејности. Еден таков  пример е на институт кој бил регистриран во обложувалница, изјави министерката за образование Весна Јаневска денеска по увидот во изградбата на новата зграда на ОУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден.

Досега, како што информира министерката затворени се 14 институти.






–  Најбруталниот пример беше кога комисијата од МОН отиде да направи увид на еден институт. Тој беше регистриран во кладилница, во задната просторија на обложувалница, каде што институтот требаше да ги обавува своите функции на две столчиња и два душека и тој беше веднаш затворен, а вработени беа двајца луѓе и беше прекршен законот инаку не ќе можевме да го затвориме. Значи, тоа е најбруталниот пример кој ви го кажувам. Има и полесни примери, но ние водиме 34 високообразовни институти, установи во земјава, и вакви работи се апсолутно недозволиви, затоа што под називот приватен институт де факто се обавуваат други функции, како што еве примерот со обложувалницата – рече Јаневска.

Таа истакна оти сите кои работат чесно и професионално не треба да се плашат дали ќе ги исполнат условите од новиот закон за високо образование .

Јаневска информира и дека в понеделник законот за високо образование  ќе биде затворен и ќе биде даден во владина постапка и дека  сите издржани забелешки кои што ќе бидат дадени на новиот закон ќе бидат земени предвид.

 

Поврзани содржини