ПРИТВОРЕНИ СЕ ТРИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ Се изживуваа врз жена во Дом за стари лица

2,868

Трите медицински сестри кои нечовечки малтретираа возрасна жена во Центарот за нега на стари лица „Оренда“ во Пеќ завршија во притвор, а Комората на медицински сестри им ги укина лиценците, пишува Алсат.

Бидејќи жената боледува од Алцхајмер, се вршат проценки дали е во состојба да даде изјава. Иако на видео-снимката се слуша првообвинетата Аулона Пелај, која ѝ се заканува на повозрасната жена дека може и знае да употреби уште поголема сила, таа во полиција изјавила дека се бранела.






– На училиште нè учеа дека за луѓето кои претставуваат ризик за персоналот и имаат психички проблеми,  треба да бидеме доминантни кон нив. Свесна сум дека дејството беше прекумерно и под влијание, но таа ме нападна прва и моите постапки беа предупредувачки и не со голема сила. Моите колеги се обидоа да ја стават под контрола. Таа беше силна и беа потребни неколкумина за да ја стават под контрола – изјавила првоосомничената Аулона Пелај.

Трите уапсени се осомничени дека сториле кривично дело „напад и кривично дело помагање во извршување на кривичното дело – напад“.

 

фото: Клан Косова

Поврзани содржини