ПРИТВОР ЗА ВОЗАЧОТ, ОБДУКЦИЈА ЗА ЗАГИНАТИТЕ Обвинителството се огласи за несреќата кај Блаце

Предлогот за определување краткотраен притвор од 48 часа е поднесен бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, соопшти Обвинителството.

3,445

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска го продолжи увидот на местото на тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера на патот Скопје-Блаце.

По извлекувањето на автомобилот „БМВ“ со косовски регистарски ознаки и трите тела на починатите патници од водите на реката Лепенец ќе биде издадена наредба за обдукција, а јавниот обвинител ги координира сите дејствија со цел обезбедување докази за расчистување на настанот, соопшти ОЈО.






Додека во целост не бидат испитани сите околности и не биде утврдена причината за сообраќајната несреќа, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје вечерва достави предлог за определување краткотраен притвор во траење од 48 часа за лицето кое беше задржано по синоќешната несреќа.

Станува збор за 64-годишен жител на Скопје кој управувал со автомобил „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и кој во критичниот момент ја престигнувал колоната возила во која бил и косовскиот автомобил. Предлогот за определување краткотраен притвор е поднесен бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, соопшти Обвинителството.

Поврзани содржини