Притвор за возачот на косовскиот автобус, му се заканува затвор до 15 години

Автобусот ќе биде вештачен, а според полициското соопштение, возачот е осомничен дека предизвикал сообраќајна несреќа со смртоносен исход, за што е предвидена казна затвор од шест месеци до 15 години.

241

Возачот на косовскиот автобус кој излета од автопатот кај Славонски Брод, Хрватска, и поради што загинаа 10 лица, доби притвор во траење од еден месец проади опасност од бегство, односно напуштање на Република Хрватска, објавија хрватските медиуми.

Автобусот ќе биде вештачен, а според полициското соопштение, возачот е осомничен дека предизвикал сообраќајна несреќа со смртоносен исход, за што е предвидена казна затвор од шест месеци до 15 години.






Според локалните медиуми, 26 патници се пуштени од болницата во Славонски Брод.

Поврзани содржини