Притвор за српски директор кој лекувал луѓе со медикаменти за животни
Станојевиќ е осомнечен дека извршил кривични дела за тргување под влијание, злоупотреба на службената должност и прифаќање мито.
Посебното одделение за борба против корупцијата на Вишиот суд во Краљево одреди притвор за директорот на Институтот за сместување возрасни лица „Мала пчела“ во Крагујевац.
На Владица Станојевиќ му е одреден притвор од 30 дена со цел да не влијае на сведоците за време на истрагата која против него е покрената поради сомнеж дека извршил неколку кривични дела, пренесуваат српските медиуми.
Станојевиќ во петокот е уапсен со уште 13 раководители, соработници и снабувачи во тој центар, а според пишувањето на медиумите, тие 12 лица веќе ја признале вината и веќе постигнале договор со обвинителството.
Станојевиќ е осомнечен дека извршил кривични дела за тргување под влијание, злоупотреба на службената должност и прифаќање мито.
Со него во петокот биле уапсени и В.Ч. (1962), Џ.Д.(1966), T.П. (1967), И.П.(1987), С.Ј. (1965), Р.П.(1965), M.В.(1992), В.K. (1986), Д.Р.(1981), Г.Ѓ. (1964), M.С.(1986), Ж.Д.(1981) и С.M. (1954).