Притвор за шест лица, расчистено убиството во Прилеп
По преземени мерки од полициски службеници, биле приведени Ш.А. (35), М.Л. (39), С.К. (20), М.А.(26), Џ.Л.(54), С.А. (23), а судија на претходна постапка им одредил мерка притвор.
Прилепската полиција поднесе кривична пријава против шест лица поради основано сомнение дека сториле кривично дело „убиство“, извршено на 14-ти овој месец на ул. „Дебарца“.
– Надворешната канцеларија за криминалистички работи – ОВР Прилеп на 15.10.2020 поднесе кривична пријава против Ш.А. (35), М.Л. (39), С.К. (20), М.А. (26), Џ.Л. (54), С.А. (23) поради основано сомнение дека сториле кривично дело „убиство“, предвидено и казниво по чл. 123 ст.1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија и кривично дело „тешка телесна повреда“ по чл. 131 од КЗ. На 14.10.2020 околу 20.30 часот на ул. Дебарца во близина на куќата на А.С., најнапред настанала расправија меѓу С.Б. и М.Л. поради навреди упатени од М.Л. кон сопругата на С.Б., по што се приклучиле и Е.Б., брат на С.Б., како и роднините на М.Л. (С.А., М.А., С.А., Д.А., Џ.Л. и С.К.). Притоа со повреди од остар предмет се здобил Е.Б. (31) и бил пренесен во градската болница. Потоа неговиот брат С.Т. ги известил роднините Т.Б., А.Б., Е.Б. и А.Б., по што пред куќата на Џ.Л. настанала физичка пресметка, при што Т.Б. се здобил со повреди на главата, од кои набрзо починал – информираат од МВР.
По преземени мерки од полициски службеници, биле приведени Ш.А. (35), М.Л. (39), С.К. (20), М.А.(26), Џ.Л.(54), С.А. (23), а судија на претходна постапка им одредил мерка притвор.