ПРИТВОР ЗА МАЈКАТА НА БЕБЕТО ПРОНАЈДЕНО ВО ЗЕМУН Осомничена е за обид за тешко убиство
Според Вишиот суд во Белград, постојат основи на сомнение дека Александра С. го извадила своето новородено бебе од куќата каде што живее на 29 август околу 6 часот наутро, го завиткала во пелена и крпа, а потоа го ставила во пластична кеса што ја врзала и ја оставила покрај контејнер на место далеку од дофат и од видливост за луѓе.
Вишиот суд во Белград одреди притвор до 30 дена на мајката чие бебе беше пронајдено до контејнер во петокот, 29 август. Таа е осомничена дека го оставила своето новороденче завиткано во торба.
Портпаролката на судот образложи дека на неа ѝ е одреден притвор за да не влијае на сведоците и поради јавни немири.
Осомничената мајка, 19-годишната Александра С., се бранела со молчење за време на испрашувањето, односно го искористила своето законско право да не даде одбрана, објави претходно обвинителството.
Наредбата за спроведување истрага ја товари осомничената за кривично дело „обид за тешко убиство“.
Постојат основи на сомнение дека Александра С. го извадила своето новородено бебе од куќата каде што живее на 29 август околу 6 часот наутро, го завиткала во пелена и крпа, а потоа го ставила во пластична кеса што ја врзала и ја оставила покрај контејнер на место подалеку од дофат и од видливост за луѓе.
Бебето беше пронајдено од Маја Миладиновиќ (51) чија хуманост ја трогна српската јавност. Екипата на српски Информер го пронајде таткото на бебето, Саша П., и го спои него и Маја.
– Сакам да ви се заблагодарам што го спасивте нашето мало девојче, ви благодарам од дното на моето срце. Да не бевте вие, таа немаше да преживее. Ви благодарам многу, фала му на Бога што ве прати – изјавил таткото низ солзи.
Бебето е пренесено во породилиштето Земун од страна на екипата на брзата помош.