Судот му одреди 30 дена притвор на поранешниот шеф на СОЗР Пеце Мирчевски. поради опасност од бегство или можност да влијае врз сведоци. Мирчевски се сомничи за фалсификување службена исправа, проневера во службата, несовесно работење, примање и давање поткуп.
„Се прифаќа предлогот на јавниот обвинител и на осомничениот П.М. му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење Опасност од бегство и Можност да ја попречи истрагата со влијание врз сведоците. Воедно прифатен и предлогот за определување мерки за претпазливост против Г.П. -Одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, Забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, Обврска да се јавува во судот, Забрана за воспоставување комуникација со други лица поврзани со кривичното дело.“, информираше Основниот кривичен суд Скопје.
Обвинителство и официјално ошетвори истрага за Пеце Мирчевски и за Горјан Пехчевски затоа што во периодот од 2021 до 2024-та година извршиле серија на кривични дела со што го оштетиле буџетот за околу 86 илјади евра.