„ПРИСТИГНАВМЕ ВО МАКЕДОНИЈА И ПОКРАЈ НЕПРИЈАТЕЛСКИТЕ МАХИНАЦИИ“ По Лавров и Захарова ја именува нашата земја без „Северна“

И покрај непријателските махинации, ние сме во Скопје“, објави Захарова на социјалната мрежа Телеграм.

4,808

Известувајќи за пристигнувањето на руската делегација во Скопје за самитот на ОБСЕ, и портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, ја именува државата-домаќин како Македонија, без „Северна“.

Исто тоа пред три дена го стори и шефот на руската дипломатија Сергеј, иако Москва го прифати преименувањето на македонската држава според Преспанскиот договор и официјално ѝ се обраќа така.






„Сергеј Лавров пристигна во Македонија за да учествува на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ. И покрај непријателските махинации, ние сме во Скопје“, објави Захарова на социјалната мрежа Телеграм, а нејзината објава ја сподели на Твитер и Амбасадата на Руската Федерација во Скопје.

 

„ЌЕ СЛЕТАМ ВО СКОПЈЕ АКО МИ ДОЗВОЛАТ БУГАРИТЕ“ Лавров е убеден дека Софија ќе му отстапи слободно небо

Поврзани содржини