ПРИСТИГНАТИ ДОПОЛНИТЕЛНИ 400.000 ОБРАСЦИ ЗА ЛИЧНИ КАРТИ Бојмацалиев потврди дека тие веќе се во магацините на МВР
Тоа е континуирана испорака која доаѓа, во нормални услови никогаш не би соопштиле, но во време на лажни вести, јас одлучив секоја нарачка да ја соопштувам во јавност - вели дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.
Во саботата пристигнаа дополнителни 400.000 обрасци за лични карти, потврди дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во емисијата на „Клан Македонија“.
– Овие 400.000 обрасци веќе од саботата се во магацините на МВР. Тоа е континуирана испорака која доаѓа. Во нормални услови никогаш не би соопштиле, но во време на лажни вести, јас одлучив секоја нарачка да ја соопштувам во јавност – рече Бојмацалиев.