ПРИСТИГНАЛ НА АЕРОДРОМ „НАТОВАРЕН КАКО БРОД“ Од патник запленети 50.600 евра
Согласно Законот за девизно работење, на патникот му биле вратени 10 илјади евра, а останатите со судска пресуда се одземени од лицето, информира Царинската управа.
Царинската управа заплени 50.600 евра, коишто патник ги носел со себе при влез во државата на Аеродромот Скопје и не ги пријавил кај царинските службеници.
– Патникот кој патувал од Истанбул на влез се определил да помине на зелен канал каде што поминуваат лица коишто немаат ништо за пријавување. Царинските службеници го селектирале за преглед, при што во личниот багаж му биле пронајдени девизи во износ од 60.600 евра. Согласно Законот за девизно работење, на патникот му биле вратени 10 илјади евра, а останатите со судска пресуда се одземени од лицето, информира Царинската управа.