ПРИСТИГНАА НАОДИТЕ ОД ОБДУКЦИЈАТА Конечно е откриено како е убиена Габи Петито, додека свршеникот е во бегство!

Судскиот вештак открил дека долго време ги чекале наодите за токсикологија и дека го чекале стручниот извештај од антропологот.

957

Откако светот беше шокиран од веста за смртта на 22-годишната американска блогерка Габи Петито, која со својот свршеник, 23-годишниот Брајан Ландри, одлучи со комбе да ги посети националните паркови во западниот дел на САД со комбе и да го документира патувањето на социјалните мрежи, пристигнаа најновите информации поврзани со нејзината смрт.

Резултатите од обдукцијата на телото на несреќната девојка се објавени, а судскиот вештак, д-р Брент Блу, заклучил дека причината за смртта е давење, пишува АП. На прес-конференција, тој откри дека се проценува дека Габи Петито била убиена три до четири недели пред да биде пронајдено нејзиното тело.






Судскиот вештак открил дека долго време ги чекале наодите за токсикологија и дека го чекале стручниот извештај од антропологот. Тој исто така додаде дека несреќната девојка не била бремена.

Сѐ уште не е сосема јасно дали оваа информација може да доведе до дополнителни обвиненија против нејзиното момче и партнер во патувањето, Брајан Ландри, по кој сѐ уште се трага.

Д-р Блу одбил да каже повеќе за самата обдукција или за целиот случај, велејќи дека го спречува законот во Вајоминг, кој го ограничува она што вештаците смеат да го објават.

Петито со својот свршеник тргнала на патувањето, а нејзините родители го пријавија исчезнувањето на својата ќерка на 11 септември, откако таа неколку дена не им одговарала на повиците и пораките.

ФОТО: Јутјуб

Поврзани содржини