ПРИСТИГНА ПРВАТА ГРУПА АВГАНИСТАНЦИ По тестирање за ковид одат во хотели во Скопје (ВИДЕО+ФОТО)
По тестирањето за ковид -19 се очекува да бидат распределени во хотелите во околината на Скопје.
На Меѓународниот аеродром Скопје слета авионот со 149 авганистански цивили кои привремено ќе бидат згрижени во нашата земја. Нив ги пречекаа министерот за надворешни работи Бујар Османи, заменик амбасадорот на САД во земјава и советници на премиерот.
Патниците од Авганистан дојдоа со авион на авиокомпанијата „Кам ер“.
Екипи од Итна помош и Црвениот крст и на полицијата ги преземат патниците и ги вршат проверките.
По тестирањето за ковид -19 ќе бидат распределени во хотелите во околината на Скопје. Еден од патниците е пренесен во болница поради колапс. Во болница е превезена и една трудница која е пред породување.
Патниците од Авганистан добија и пакети храна, хигиески пакети, маски и средства за дезинфекција.
Планирано е тие да престојуваат во земјава до 90 дена, по што ќе бидат преземени од други земји како нивна крајна дестинација.
Македонија најавено е да времено да згрижи 780 лица.
Нив ги пречекаа министерот за надворешни работи Бујар Османи и заменик амбасадорот на САД во земјава.