ПРИСТИГНА ПОТВРДА ОД ЈСП Суспензија за возачот кој претепа патник во автобус
Како што велат од претпријатието, изготвено е решение за суспензија на возачот и покрената е процедура за преземање на соодветни законски мерки за извршениот престап на работното место.
Од ЈСП „Скопје“ информираат дека по немилиот настан помеѓу возач на автобус и патник при што дошло до физички напад од страна на возачот, претпријатието извготвило решение за негово суспендирање.
– Ве информираме дека ЈСП Скопје веднаш презеде мерки за расчистување на инцидентот кој се случи вчера вечерта во возило на ЈСП на линија 24 помеѓу возачот и патник, при што од видео снимките од возилото е утврдено дека возачот физички го нападнал патникот – нѐ информираат од ЈСП „Скопје“.
Како што велат од претпријатието, изготвено е решение за суспензија на возачот и покрената е процедура за преземање на соодветни законски мерки за извршениот престап на работното место.
Претходно МВР го потврди овој настан каде возачот по претходно несогласување со еден од патниците, физички го нападнал и му нанел видливи повреди.
– На 19.07.2022 во 21.17 часот во Полициска станица Карпош е пријавено дека лице кое управувало автобус на ЈСП број 24, по претходно недоразбирање, физички нападнало патник во автобусот. Се работи на расчистување на случајот – информираат од СВР Скопје за Плусинфо.
МУ ЈА УДИРАЛ ГЛАВАТА ОД ПРОЗОРЦИТЕ Возач на автобус на ЈСП крвнички претепал патник