ПРИСТИГНА ОДГОВОРОТ ОД РУСИЈА Дали е готово со подморниците од НАТО?

Името на новиот проектил е „ответ“, односно „одговор“ и според извештаите од Русија ќе претставува одговор на растечката закана по воената морнарица на земјата, која доаѓа од подморниците на земјите-членки на НАТО.

1,691

Од воениот брод „Маршал Шапошников“ беше лансиран најновиот проектил на руската флота, наменет за анти-подморничко делување.

Името на новиот проектил е „ответ“, односно „одговор“ и според извештаите од Русија ќе претставува одговор на растечката закана по воената морнарица на земјата, која доаѓа од подморниците на земјите-членки на НАТО.






Тестирањето на „ответ“ се одржа во Јапонското Море, а од Министерството за одбрана на Русија известија дека резултатите се воодушевувачки.

– По лансирањето, проектилот во вода се спушта со падобран, по што управуван од сонарниот радар самиот ја лоцира подморницата. Крајниот дострел на „ответ“ е 40 километри – велат од министерството.

Поврзани содржини