Пристигна нова студија за вакцината „ЕпиВакКорона“, резултатите се одлични!

Студијата за ефикасноста и безбедноста на „ЕпиВакКорона“ опфати 2.999 доброволци постари од 18 години, од кои 2.253 ја примија вакцината, а 746 добија плацебо.

975

Ефикасноста на руската вакцина „ЕпиВакКорона“ против ковид-19, според резултатите од третата фаза, е 79 проценти, објави денеска весникот „Известија“.

Според извештајот, 79 проценти од волонтерите и 11,6 проценти од оние кои примале плацебо развиле антитела, пренесува ТАСС.






Центарот за развој на вакцини објави дека оваа вакцина е имунолошка или нема епидемиолошка ефикасност.

– Важно е да се нагласи дека 79% од волонтерите укажуваат на имунолошка ефикасност на вакцината и не треба да се мешаат со епидемиолошката ефикасност на вакцината, која се базира на специјална формула и се пресметува според други податоци – рече Татјана Непомњачик, заменик директор на Центарот.

Студијата за ефикасноста и безбедноста на „ЕпиВакКорона“ опфати 2.999 доброволци постари од 18 години, од кои 2.253 ја примија вакцината, а 746 добија плацебо.

Поврзани содржини