ПРИСТИГНА НАЈОЧЕКУВАНИОТ АЛБУМ НА ГОДИНАТА Доби оценка 100 од 100 (ВИДЕО)
„Њујорк тајмс“ пишува дека Тејлор е една од најмоќните креативни сили во музичката индустрија денес и нагласува дека „Midnights“ веројатно ќе биде еден од најпродаваните албуми во годината.
Излезе најочекуваниот албум на годината „Midnights“ на пејачката Тејлор Свифт.
Факт е дека само еден час по објавувањето на албумот „Midnights“ (точно на полноќ по американско време), најугледните светски медиуми како „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“ или „Гардијан“ пишуваат за албумот, кој го нарекуваат „нејзиниот најмрачен и најкриптичен албум до сега“.
„Њујорк тајмс“ пишува дека Тејлор е една од најмоќните креативни сили во музичката индустрија денес и нагласува дека „Midnights“ веројатно ќе биде еден од најпродаваните албуми во годината. Со неверојатно детално испланирана маркетиншкаа стратегија, Свифт од албумот направи хит дури неколку месеци пред да биде објавен.
View this post on Instagram
Таа ги држеше своите фанови во неизвесност со внимателно осмислените индиции што им ги оставаше во секоја објава на социјалните мрежи, принудувајќи ги да размислуваат и да смислуваат теории (често и теории на заговор) за албумот и песните на него. Така, последните денови се шпекулираше дека Тејлор всушност ќе издаде два албуми наместо еден, дека на него ќе се појават Хари Стајлс или Синди Лаупер, дека албумот всушност ќе содржи двојно повеќе песни од најавените…
„Midnights“, 32-годишната пејачка го објави како „приказна за 13 непроспиени ноќи расфрлани низ целиот нејзин живот“. Бројот 13 не е случаен. Имено, Тејлор со години во својата работа го истакнува бројот 13 како нејзин омилен број, кој за неа има посебно значење. Таа бројка се провлекува низ речиси сите нејзини албуми, па на фановите им даде и важна трага што очекуваат подоцна да ја откријат и дополнително значење и смислата во плановите на пејачката.
„Folklore“ ја освои наградата за албум на годината на Греми наградите 2021. Фановите очекуваат повеќе од „Midnights“ бидејќи има уште подобри првични критики од претходниот албум. „Индипендент“ му даде совршена оценка од 100 од 100 во својата рецензија (првата објавена), додека на Метакритик (која доживеа речиси рекордна посетеност по објавувањето на албумот) има оценка од 95 отсто.
Албумот се продава и во винилно издание, специјално дизајнирано за купувачите да можат да ги користат плочите за да создадат часовник што покажува на полноќ. „Њујорк тајмс“ пишува дека токму тоа е една од причините за мегауспехот на Тејлор Свифт – таа прифаќа и физички музички формати, кои поради начинот на кој „Билборд“ собира податоци за тоа како музиката да се консумира, може да има големо влијание на нејзините позиции на музичките топ листи.
@taylorswift The making of Midnights 🌌 #TSmidnighTS #SwiftTok ♬ life you lead – niceboy ed