Пристигнаа 100.000 вакцини на „Астра Зенека“ што Мицотакис му ги вети на Заев

299

Министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук објави дека денеска пристигна донацијата од 100.000 вакцини на производителот „Астра Зенека“ од Грција.

– Донацијата е на лична иницијатива на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, што му ја има ветено на нашиот претседател на Владата, Зоран Заев. Уште еднаш се потврдуваат добрососедските односи и поддршка кои се особено значајни во време на пандемија. Голема благодарност до грчкиот народ, Владата на Република Грција и амбасадорот на Грција во нашата земја, Русос Кундурос со кој утрово ги пречекавме вакцините. Истите веднаш ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови и наменети за лица над 60 години согласно нашата стратегија за вакцинација – истакнува Филипче.






Тој посочи дека вакцинацијата забрзува и од понеделник сите граѓани ќе може без закажан термин да се вакцинираат.

Поврзани содржини