Приспивната песна на Фон дер Лајен

Награда овој пат нема да има, туку е мамка за пацери. Луѓето нема да ги метаболизираат, ќе продолжиме да цупкаме во место, па ќе има некои промени на домашен план за едно 2-3 години.

2,321

Посетата на Фон дер Лaјен ќе биде вест за еден ден, информацијата дека ЕУ не гарантира проширување за Балкан ќе има реперкусии уште 20 години.

Нè посетува најслабиот кога и да било претседател на ЕК.






Оставена без Меркел и без ЕПП, која насекаде губи избори, слушаме приспивни и утешителни песни од евробирократ кој едвај ќе си го задржи работното место.

Патот кон ЕУ не го ни одлучува она или ЕК, туку големите држави, Германија која ќе се бара себеси уште некое време, Франција пред избори која тешко дека ќе се пронајде себеси и воскресната Италија која сфаќа дека се наоѓа на периферијата на ЕУ и дека е небитна.

Евентуално ќе одлучуваат САД, ама како тргнале со старо-новите политики, не им е баш до соработка и синергија со ЕУ.

Ќе ни биде понуден, т.е. веќе ни е понуден, договор кој треба да биде потпишан и знаејќи ги нашите политички елити, тоа е готова работа.

Награда овој пат нема да има, туку е мамка за пацери.

Луѓето нема да ги метаболизираат, ќе продолжиме да цупкаме во место, па ќе има некои промени на домашен план за едно 2-3 години. И така, секако ништо подобро за нас, граѓаните на брдовитом Балкану.

Поврзани содржини