Присилни мерки за лица кои не почитуваат карантин во Германија
Кои ќе бидат условите и трошоците за сместување во новата институција не е објавено. Сепак, областа е оградена и полицијата ќе набљудува.
Германската покраина Саксонија е на праг да формира институција за „присилно вдомување“ на оние кои повеќепати биле фатени како го кршат карантинот наметнат поради ковид-19, објави Билд.
За овие цели, се планира повторно опремување на центарот за примарен прием на бегалци, изграден во 2017 година во Дрезден. Според медиумот, во пролетта 2020 година, министерката за здравство на Саксонија, Петра Копинг предложила испраќање на кршители на карантин во психијатриски болници. Овие планови беа откажани, како и идеите за нивно сместување во хотели или болници.
Кои ќе бидат условите и трошоците за сместување во новата институција не е објавено. Сепак, областа е оградена и полицијата ќе набљудува.
Министерството за социјална заштита ги потврди плановите на публикацијата за повторно опремување на центарот. Во исто време, „присилното сместување“ може да биде залуѓето кои повеќепати правеле прекршоци.
– Редоследот на постапување е постепен: упорен предлог, парична казна, судски налог – соопшти Министерството.
Министерството за здравство мора да го достави барањето до судот. Во Саксонија досега немало такви преседани, но властите сакаат да се подготват, наведува Билд.