ПРИШТИНА ЌЕ ГИ ИСПОЛНИ СИТЕ ДОСЕГАШНИ ДОГОВОРИ Посредникот Лајчак по разговорите со косовскиот врв

Наведувајќи дека разговорите за планот на ЕУ за Косово се водат одделно со сите страни, Лајчак рече дека очекува Косово и Србија да го прифатат и потпишат предлогот.

170

Се согласивме дека сите претходни договори за дијалог мора целосно да се спроведат – изјави специјалниот претставник на Европската Унија за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак, по вчерашната ненајавена посета на Приштина и средбите со премиерот на Косово Албин Курти и шефот на преговарачкиот тим во Брисел Бесник Бесљими.

Лајчак на „Твитер“, заедно со фотографија од вечерата со Курти и Беслими, објави дека се вратил во Косово за да продолжи со „чесните, отворени и интензивни дискусии“ за следните чекори и за патот кон нормализирање на односите со Србија.






Во синоќешното интервју за ТВ Кљан Косова, пред заедничката вечера со Курти и Бесљими, словачкиот дипломат и претставник на ЕУ предупреди дека партијата што ќе го одбие европскиот предлог ќе се соочи со намалување на поддршката.

– Меѓународната заедница мора да одговори на соодветен начин и ќе ја поддржи повеќе едната страна или ќе ја намали поддршката за другата страна – рече Лајчак во емисијата „Рубикон“.

Наведувајќи дека разговорите за планот на ЕУ за Косово се водат одделно со сите страни Лајчак рече дека очекува Косово и Србија да го прифатат и потпишат предлогот.

Поврзани содржини