Приштина блокирана поради еден сомнителен куфер
Сообраќајот повторно ќе биде пуштен откако специјалната единица ќе го провери теренот.
Утрово околу 10:30 часот, улицата „Бил Клинтон“ во центарот на Приштина била целосно блокирана поради еден сомнителен куфер, меѓутоа, како што јавија косовските медиуми, во него не била пронајдена никаква експлозивна направа.
Сообраќајот во тој дел од градот бил блокиран повеќе од еден час, а куферот го прегледувала Единицата за деминирање, вклучително и полициски кучиња, пренесува приштинскиот весник „Коха“.
Сообраќајот повторно ќе биде пуштен откако специјалната единица ќе го провери теренот.